СДСМ за утре има изнајмено 10 автобуси за протест на нивната младина од Струмица

 

Неформалната студентска организација „Студентски пленум“, за која многу пати досега во јавноста се покажа дека преку Младинскиот образовен форум (МОФ) е само продолжена рака на опозицијата, за утре најави протест пред Владата на Република Македонија.

Како што можеше и да се очекува, имајќи во предвид дека студентските протести се иницирани и поттикнати токму од високи фунционери на СДММ, кои пак се директно координирани од високи функционери на опозицијата, младината на СДСМ утре активно ќе се вклучи во студентските протести.

Информациите велат дека најголемата опозициска апртија за утре има изнајмено 10 автобуси за протест за нивната младина од Струмица, градот со кој раководи опозицискиот лидер, Зоран Заев.

Опозицијата утре повторно ќе се обиде дополнително да ги збие студентските редови, притоа сакајќи да извлече корист од грбот на студентите чии протести ги злоупотребува со цел да прикаже масовно незадоволство и да се приграбат политички поени.

На последниот студентски протест одржан на 10-ти декември, директно инициран токму од опозицијата, покрај младината на СДСМ можеа да се забележат голем број фунционери на социјалдемократите, како и присуството на главните пропагандисти на СОРОС.

Повици со поддршка за студентите повторно стигнуваат од сите соросови организации без исклучок. Целата логистика на СОРОС и СДСМ се очекува повторно да биде искористена за да се прикаже што е можно поголема масовност, а не е исклучено во протестите да бидат вклучени и пензионери како што беше случајот со минатиот протест, кога пензионери со повеќе автобуси од град во кој локалната власт е во рацете на СДСМ, опозициската партија ги носеше како засилување за студентите.

 

 

Оцени ја веста

25.12.2014 - 19:39
Фото: 
Курир

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега