ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ шири хаос - такви луѓе никогаш не може да ја водат оваа земја

 

Луѓето во раководството на СДСМ живеат исклучиво со деструкција, манипулации, закани, гнев и омраза, истакнува ВМРО-ДПМНЕ во писмената реакција на денешната изјава на лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Партијата посочува дека СДСМ досега нема предложени позитивен предлог за реформа или за мерка која би им помогнала на граѓаните и оти нема поддржано ниту една инвестиција, изградба на автопат или реконструкција на училишта и болници. 

- Такви луѓе никогаш не може да ја водат оваа земја. Може нивната партија и членство сакаат ваква стратегија, но најголемиот дел од народот мисли поинаку. Мисли за доброто на државата и затоа и после нивни долги и негативни кампањи губат по повеќе од 200 илјади гласа разлика, се вели во реакцијата.

Според партијата, СДСМ шири хаос само за да не бидат прашани што направиле и каква програма создале.

 

 

Оцени ја веста

24.12.2014 - 14:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега