Подгответе се за студ од петок: Студен бран доаѓа кон Македонија - за викендот снег

 

Во среда по студеното утро во текот на денот ќе биде претежно сончево и ветровито. Слаб ветер, а во западните предели ќе дува засилен југозападен и западен ветер кој понекаде ќе достигне брзина и до 20км/ч. Утринските температури од -3°C до 3°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 8°C односно до 14°C. 

Во вечерните часови ќе има појава на магла, а понекаде видливоста ќе биде помала од 100 метри.

Во четврток по студеното и понекаде магловито утро, во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност. Понекаде маглата ќе се задржи и претпладне. Слаб северен и северозападен ветер, а во западните  предели ќе дува засилен југозападен и западен ветер. Утринските температури од -4°C до 2°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 7°C до 13°C.

Во вечерните часови ќе има појава на магла, а понекаде видливоста ќе биде помала од 100 метри.

Во петок во утринските часови ќе има услови за појава на слаба магла која што понекаде ќе се задржи и претпладне. Претпладне ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди, а попладне облачноста ќе се зголемува. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветер. Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 25 км/ч.  Утринските температури ќе се движат од -3°C до 3°C, а максималните дневни од 3°C до 9°C.

Во вечерните часови и во текот на ноќта продор на студена и влажна воздушна маса која што ќе услови слаби врнежи од дожд, а на местата над 500 метри надморска висина со врнежи од снег. Врнежите најпрво ќе ги зафатат северните и западните предели, а во текот на ноќта четврток кон петок ќе се прошират и во останатите предели

Во сабота во Македонија ќе биде облачно со услови за врнежи од снег и ветровито. Само во Гевгелиско-Валандовскиот регион се очекуваат врнежи од дожд и снег. Во доцните попладневни часови врнежите ќе престануваат. Ќе дува засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветер. Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температура од -5°C до 1°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 1°C до 6°C.

 

Во недела по студеното утро во текот на денот ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и ветровито. Ќе дува засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветер. Ветерот претпладне ќе дува со врзина и до 30 км/ч, а во текот на денот ќе го намалува својот интензитет. Утринските температури од -6°C до 0°C, а максималните дневни температури од -1°C до 5°C

 

 

Оцени ја веста

24.12.2014 - 11:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега