Пратениците ги чека многу работа

 

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за култура, за политички систем и односи меѓу заедниците, за транспорт и врски и Законодавно-правната комисија.

Комисијата за култура ќе расправа за измените на Законот за заштита на културното наследство и за Предлог-законот за издавачка дејност, двата во второ читање, додека на дневен ред на Комисијата за транспорт и врски се измените на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, на Законот за домување и Предлог-законот за просторно и урбанистичко планирање, во второ читање.

Членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе дебатираат за измените на Законот за административни службеници, на Законот за вработените во јавниот сектор, за Предлог-законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната и измените на Кривичниот законик, сите во второ читање.

На дневен ред на Законодавно-правната комисија се неколку предлог законски решенија кои ќе бидат разгледани на останатите комисии. 

 

 

Оцени ја веста

24.12.2014 - 09:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега