Васил Шишков го помина животот во тага: “Не му дозволувај да се одмаздува“

 

Синоќа неочекувано на само 44 годишна возраст од срцев удар почина актерот Васил Шишков.

tatko

 

Васил, велат некои од пријателите, го помина целиот живот во тага, несфатен од околината, како да го следеше судбината на неговиот татко, бардот на македонското глумиште Ристо Шишков кој, исто така, почина рано, на свои 46 години, пишува Вест.

Неговиот стар пријател и, на некој начин, старател, е сега пензионираниот актер Александар Шехтански, за весникот раскажува:

-Кога Ристо веќе беше на својот крај, ме викна на Клиника и ми рече: " Грижи се за него, чувај го и не дозволувај му да се одмаздува".

Во негова чест, утре во 11 часот во Македонскиот народен театар, каде што беше вработен две децении, ќе се одржи комеморација. Ќе биде погребан во 13 часот на градските гробишта Бутел.

Васил Шишков е роден на 30 јануари 1970 година. Дипломира актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Дебитира како професионален актер на сцената на Народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп 1993 година, играјќи го Марко Kрале од Младен Србиновски, а во режија на Љубиша Георгиевски.

По дипломирањето, стана член на драмскиот ансамбл на МНТ, каде што одигра дваесетина ролји. Гостуваше и во театрите во Велес и Струмица. Во деведесеттите години сними десетина филмови и телевизиски драми. 

Својата последна ролја Васил Шишков ја одигра во претставата „Вечна куќа“. Тој го толкуваше ликот на својот татко, актерот Ристо Шишков.

 

 

Оцени ја веста

22.12.2014 - 23:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега