Во петок седница за одземање на пратеничките мандати

Во петок, 26 декември, Собранието на Република Македонија ќе одржи седница за одземање на мандатите на пратениците од опозицијата.
Врз основа на Извештајот доставен до оваа Комисија е утврдено дека во периодот од 10 мај до 10 ноември, 31 пратеник не присуствувале, не учествувале, ниту пак го известиле претседателот на Собранието дека оправдано ќе отсуствуваат од 40 седници.
Комисијата ја достави Предлог-одлуката до претседателот на Собранието Трајко Вељановски, кој врз основа на членот 59 од собранискиот Деловник ја свика за в петок 28. седница со една точка на дневниот ред.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









