Поетот Раде Силјан доби „Самовилско коњче“
Македонски поет Раде Силјан е добитник на меѓународната награда „Самовилско коњче“, што ја доделува бугарскиот сајт за уметност и култура „Артновини“ од Софија.
Признанието му е доделено за придонесот во зближувањето на македонско-бугарските културни врски во изминативе две децении и поетската книга „Зло време“. Книгата неодамна излезе од печат во издание на издавачката куќа „Богианна“ од Софија, во превод од македонски на бугарски јазик на писателот Владимир Луков.
На свеченоста, која се одржала во Бугарската телеграфска агенција признанието на Раде Силјан му го врачи бугарскиот скулптор Ивајло Савов, кој е и автор на статуетката што го симболизира Самовилското конче.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа