Нов скандал на СДСМ во македонското новинарство

 

СДСМ предизвика нов скандал во македонското новинарство. Во реакција полна со навреди, етиетирања и клевети, опозициската партија се обиде да го скрие она што е факт а тоа е дека сите медиуми кои ги држи под контрола лиферуваат информации диктирани од еден центар, најверојатно сместен на Бихаќка.
Во својата реакција која се однесува на текст кој го објави ТВ Сител а Press24 го пренесе цитирајќи го изворот, опозицијата го нападна уредувачкиот тим на Press24 обвинувајќи го дека „манипулира за да ја оправда својата инструментализираност“

„Брачниот пар Славица и Александар Спасовски, познати одработувачи на власта во ТВ Сител и сопственици на порталот Прес 24, со бројни реклами платени од парите на граѓаните, во денешните Вести на ТВ Сител, се обидоа со манипулација да ја оправдаат својата инструментализираност.

 

СДСМ, до сите медиуми, вклучувајки ги и ТВ Сител и провладиниот портал Прес 24, редовно доставува видео материјали од одржаните трибини низ Македонија, како и интегрални текстови со клучните пораки од говорите на носителите на трибините“ - стои меѓу другото во реакцијата на СДСМ.

За потсетување, Press24 не е дел од поратлите на СОРОС за да може СДСМ на него да ги објавува “интегралните текстови со клучните пораки од говорите и носителите на трибините“. Доколку СДСМ така го разбира слободното новинарство, редакцијата на Press24 не би имала што повеќе да додаде во врска со концепцијата за слободно новинарство и слобода на говорот која ја заговара партијата која се стреми еден ден на дојде на власт.

Текстот кој очигледно го демаскираше начинот на кој СДСМ ги разбира поимите „слобода на изразување“ и „професионално новинарство“ е аргументиран со точно 26 примери на речиси идентични текстови  и наслови ископирани од партискиот сајт на најголемата опозициска партија, кои прецизно и недвосмислено ја аргументираат тезата која ја обработува објавениот текст.

За ваквата скандалозна реакција, редакцијата на Press24 ќе ги извести сите домашни и меѓународни институции кои ги третираат проблемите поврзани со независното новинарство и слободата на говорот.

Истворемено, потсетуваме дека ова не е прв пат нашата редакција да биде цел на напади од страна на опозициската СДСМ. Во последните неколку месеци во повеќе наврати опозициската партија ја етикетираше и клеветеше нашата редакција.

Ги информираме нашите читатели дека и покрај  секојдневниот притисок кој врз нас го вршат функционерите на СДСМ со цел и овој медиум да стане дел од групата медиуми која препишува “интегрални текстови со клучни пораки од говорите на функционерите на СДСМ“, нема да потклекнеме пред намерата професионално да ве информираме.

 

 

Оцени ја веста

21.12.2014 - 18:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега