Ставрески: Нови 32 мерки за понатамошно подобрување на деловната клима

 

Министерот за финансии Зоран Ставрески истакна дека сме препознатливи во регионот и пошироко како  земја која во конинтуитет води внимание кон подобрување на бизнис климата. Македонија е лидер во регионот и е подобро рангирана од 16 европски земји како Франција, Полска, Шпанија, Словачка, покажа извештајот Дуинг бизнис на Светска банка.

Ставрески истакна дека ова процес треба и се надоградува секоја година.

-Ние предлагаме нови 32 мерки како генерални мерки и дополнителни подзаклучоци, односно 50 нови мерки во секој сегмент од 10-11 индикатори како предлог мерки за подобрување на деловната клима, подвлече Ставрески.

Македонија е 3-та во светот во категоријата за започнување на бизнис, додека пак најголем скок има направено во однос на плаќањето даноци каде сега сме 7-ми, а лани сме биле на 38-то место.

Ставрески истакна дека има области каде треба да се работи и да се подобрат состојбите, како заштитата на малцинските инвестиции, добивањето на градежни дозволи и слично.

 

 

Оцени ја веста

21.12.2014 - 15:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега