Внимавајте - во Скопје откриени новогодишни играчки и украси кои се опасни за користење

 

Небезбедни детски играчки и неисправни новогодишни светилки и украси.

Засилените контроли на државната пазана инспекција откриле рафтови полни со производи кои не ги почитуваат основните стандарди за безбедност. Во изминативе 10 дена неколку видови на светилки и играчки биле повлечени од продажба. Во овој период граѓаните подготвувајќи се за новогодишните празници интензивно пазарат  подароци. Велат дека се трудат да ги прочитаат информациите на производите и внимаваат што купуваат.

При купувањето на овие производи најважно е да се обрне внимание на декларацијата и ознаките од производителот. Од пазарниот инспекторат предупредуваат дека доколку купите светилки со краток и неизолиран кабел, може да предизвикате пожар.

Она што малку граѓани знаат е дека според Законот за заштита на потрошувачите, во одреден временски период и со прикажување на фискална сметка, продавачот има обврска да го врати и ли замени производот кој е небезбеден за употреба. 

 

 

Оцени ја веста

20.12.2014 - 10:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега