ВМРО-ДПМНЕ: Со Законот за урбанистичко планирање се прецизира носењето одлуки во Советот

 

ВМРО-ДПМНЕ во пишаната смената реакција на СДСМ за измените на Законот за просторно и урбанистичко планирање истакнува дека се уредуваат недоречености и се допрецизира донесувањето на одлуките во Советот.

Во реакцијата се појаснува дека донесувањето на одлуките во Советот се прави со мнозинство од присутни советници, но притоа тој број да не биде помал од 1/3 од вкупниот број на членови на Совет.

- Да знаеја во СДСМ да го читаат Уставот и законите, ќе разбереа дека со оваа измена на законот не само што не се загрозува мнозинската волја, туку дополнително се ограничува можноста на злоупотреби при носењето на одлуките на Советот на единицата на локална самоуправа, се вели во реакцијата.

Според партијата, денешната прес конференција на СДСМ е резултат на хаосот во партијата и класичен обид за манипулација на јавноста.

 

 

Оцени ја веста

19.12.2014 - 15:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега