Ќе блесне Старата Скопска Чаршија
Во Општина Чаир во тек е акција за отстранување на сите недостатоци и проблеми со осветлувањето во Старата Скопска Чаршија.
Како што соопштија од Општината, тимови интензивно работат на замена на прегорени светилки со нови. Се очекува оваа акција да заврши до крајот на неделата.
Покрај набавката на нови контејнери, деновиве во соработка со ЈП Комунална хигиена, во општината се поставени и PET - контејнери, кои се предвидени за собирање отпад за рециклирање, како што се пластични шишиња.
Оцени ја веста
19.12.2014 - 14:41
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа