Училиштето во Јосифово ќе добие нов покрив
Почнаа градежните работи за обновување на дел од кровната конструкција на Основното училиште „Страшо Пинџур“ во валандовското село Јосифово, за што Општина Валандово ќе инвестира 1,7 милиони денари.
Од локалната самоуправа информираа дека училиштето во Јосифово од неговото постоење, до сега ниту еднаш не било реконструирано и оти проектот предвидува поставување нов покрив на површина од 630 метри квадратни.
Во Основното училиште во Јосифово настава посетуваат 304 ученици од прво до деветто одделение. Реконструкцијата на покривот е дел од програмата за подобрување на условите во образованието во општина Валандово.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа