Албанија го ковала лавот на монети уште пред 90 години

 

Грбовите на албанските феудалци не биле најчестите обележја на кои се поставувал мотивот со лавот, туку тој вооваа држава се наоѓал дури на металните монети на националната парична единица леки во триесеттите години на минатиот век.

Тогаш, поточно во 1926 и 1927 година, во периодот во кој ова држава има републиканско уредување, била донесена одлука и почнале да се коват метални пари, при што на едната страна биле ставени разни форми на лавови или сцени поврзани со нив. Мотивот на лавот тогаш се појавил во разни форми на реверсот, односно на опачината на монетите - како лавовска глава, приказ на лав што оди, с` до композицијата на борбата на митски јунак со лав.

Лав опкружен со дабови лисја

Така, први од ковачницата на пари излегле монетите со вредност од четврт лек на која централно е прикажан лав кој оди, а под него ја пишува годината на ковање - 1926. Над лавот со големи латински букви пишува SHQIPNI. На аверсот, односно, на предната страна, е напишана вредноста на монетата во форма 1/4 и извиено дабово гранче.

 

Во серијата била изработена и монета од 5 леки на чиј аверс пишува 5QINDAR LEKU, а под нив се изгравирани испреплетени дабови лисја. Интересно е што денес оние што сакаат да ја поседуваат таквата монета може да ја купат по цена од 385 долари. На реверсот на монетата, која била искована со вредност од половина лек (1/2), повторно е претставена цела фигура на лав. Во овој случај претставен е митскиот јунак Херкулес, кој се бори со немејскиот лав, а на предната страна бил претставен двоглав орел над кој се исковани буквите SHQIPNI, а под него годината - 1926

Целиот текст прочитајте го во Дневник

 

 

Оцени ја веста

18.12.2014 - 13:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега