Метеоролозите со лоши вести: Какво време не чека до недела

 

Среда ќе помине во облачно и врнежливо време. Сепак не станува збор за големи количини на дожд. Јужниот, а особено југоисточниот регион ќе биде поврнежлив во однос на останатите краишта од земјава. 

Во северната половина од земјата врнежите ќе бидат повремени и доста слаби, а позастапени ќе бидат во првата половина од денот.

Максималната температура ќе има вредност околу 9°С во поголем дел од земјава.

Четврток носи генерално намалување на облачноста, но повторно ќе има услови за појава и задржување на слаба магла и ниска облачност низ котлините, особено долж Повардарие и источниот крај. 

На повисоките места, пред се во западниот регион ќе има повеќе сончеви периоди.

Температурата ќе има минимална вредност која ќе биде позитивна, а дневниот максимум на температурата ќе има вредност во дијапазонот од 7°С до 12°С.

Петок ќе донесе повторно повеќе сончеви периоди, со мала до умерена облачност, но пред се на повисоките места. Услови за слаба магла и ниска облачност повторно ќе има низ дел од котлините, но со тенденција на расчистување во текот на денот.

Утрото ќе биде постудено во однос на четврток, а минималната температура ќе има вредност во дијапазонот од -3°С до 5°С. 

Денот во однос на четврток ќе биде потопол за околу 1°С.

Сабота ќе биде слична на петок во однос на временските услови, но потопла преку ден за околу 2°С. Утрото ќе биде релативно студено со минимална температура околу 0°С.

 

Во недела се очекува пад на дневниот максимум на температурата за околу 3°С во однос на сабота. Се очекува наоблачување кое ќе донесе нови врнежи.

 

 

Оцени ја веста

17.12.2014 - 10:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега