Пратениците работат со полна пареа
Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за финансирање и буџет, за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија.
Предлог-законите за изменување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување и на Законот за акцизите, по скратена постапка, во второ читање, се на дневниот ред на седниците на Комисијата за финансирање и буџет и на Законодавно-правната комисија.
Членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе имаат јавна расправа по Предлог-законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа