Магла и студ ја оковаа Македонија
Времето во Македонија ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планински врвови ќе има врнежи од снег. Повеќе врнежи од дожд се очекуваат во југоисточниот дел на земјава.
Во повеќето котлини ќе се задржи магливо и постудено време. Преку денот ќе дува слаб, а на повисоките места и на планините умерен ветер од јужен правец.
Утринската температура ќе се движи од два до седум, а дневната од пет до 11 степени.
Во Скопје времето ќе биде претежно облачно и тивко со повремен слаб дожд особено во претпладневните часови и со појава на магла. Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе достигне до седум степени.
До сабота ќе преовладува стабилно, суво и малку потопло време преку денот, но во поодделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа