Метеоролозите најавуваат снег за денеска

 

Времето утре во Македонија ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планински врвови ќе има врнежи од снег. Повеќе врнежи од дожд се очекуваат во југоисточниот дел на земјава.

Во повеќето котлини ќе се задржи магливо и постудено време. Преку денот ќе дува слаб, а на повисоките места и на планините умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од два до седум, а дневната од пет до 11 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно и тивко со повремен слаб дожд особено во претпладневните часови и со појава на магла. Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе достигне до седум степени.

До сабота ќе преовладува стабилно, суво и малку потопло време преку денот, но во поодделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.

 

 

Оцени ја веста

16.12.2014 - 23:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега