ФОТО: Охрид блесна во новогодишно руво
Охрид блесна во предновогодишен сјај и според начинот на украсување градот годинава е рамо до рамо со познатите светски метрополи.
Светлечките реквизити поставени на плоштадот “Св. Климент Охридски“, кејот “Македонија“ и чаршијата се во единствена бела боја, а украсувањето е надополнето и со стари и репарирани новогодишни реквизити ѕвезди, петокраки, двојни петокраки, украсни и светлечки црева.
Новогодишната елка се очекува да биде поставена во текот на утрешниот работен ден со што би се заокружил процесот на разубавување и китење на центарот од градов.
Акцијата за поставување на светлечките реквизити и новогодишното разубавување на Охрид започна пред околу една работна седмица и согласно планираната динамика и темпо на работа се очекува да заврши во следните два до три работни дена.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа