Задолжително прочитајте ако планирате да возите низ Македонија попладнево
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно по местимично влажни коловози.
Намалена видливост поради магла има на пат.правци Велес – Штип вид. 100м. , Струмица – Валандово вид. 100м. , Струмица – Н. Село вид. 100м. , Св. Николе – Куманово вид. 50м. и Битола вид. 50м.
Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани - Делчево, Виница - Берово, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија - Удово и Катланово-Велес.
На учесниците во сообраќајот им препорачуваме внимателно управување со возилата,почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа