Децата од Домот „11 Октомври“ се дружеа со ракометарите на Вардар
Децата од Домот за деца без родители „11 Октомври“ ги посетија ракометарите на „Вардар“ во спортската сала Јане Сандански.
Дибиров, Лазаров, Душебаев, Стоилов, Прибак кои се добро познати спортски ликови од ТВ преносите на спортските натпревари, децата од Домот сега првпат имаа можност и да се запознаат со нив.
Забавувајќи се и учејќи дел од триковите на големите ракометни мајстори, штитениците на Домот „11 Октомври“ поминаа одлични 30-40 минути на паркетот во салата.
Оцени ја веста
16.12.2014 - 09:55
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа