Ноќ на немири во Кавадарци: Вооружен напад во тобако, 40-годишник се заканувал на сограѓанин

 


Кавадарчанец бил лишен од слобода доцна синоќа поради закани кон сограѓанин и удирање со тврди предмети во влезна врата на неговата викендичка, информираа попладнево од Секторот за внатрешни работи - Велес.

- Синоќа во 21:15 часот, полициски службеници од ОВР - Кавадарци го лишиле од слобода 40-годишниот З.Н., постапувајќи по претходна пријава дека се заканувал на С.Ч., на возраст од 76 години и со тврди предмети удирал во влезната врата од неговата викенд - куќа, појаснија од СВР - Велес.

Тој бил приведен во полициска станица, а потоа бил спроведен во здравствена установа. Известен бил јавен обвинител.

- По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додадоа од СВР - Велес.

Нешто подоцна, во 23:15 часот во ОВР - Кавадарци, пријавено било дека во тобако во градот, едно лице со закана со пиштол кон вработената, одзело пари од дневниот промет.

- Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, нагласија од СВР - Велес.

05.06.2025 - 13:45

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега