ЈСП со важно соопштение за граѓаните

 


ЈСП - Скопје информира дека по повод верските празници Духовден и Курбан Бајрам, за време на трите дена од продолжениот викенд, 6, 7 и 8 јуни, ќе се работи по неделен возен ред.

Во сабота билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со редовното работно време. Во петок и недела, дежурна ќе биде билетарницата и центар за персонализација на Транспортен центар со работно време од 8 до 14 часот.

Жичницата ќе функционира вообичаено за време на викендот во сабота и недела, со работно време од 10-20 часот, при што од 19-19:30 е последното возење од долу кон врвот, а во 19:45 часот е последно возење од врвот надолу. 

05.06.2025 - 14:09

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега