Пратениците со полни раце работа
Комисиите за труд и социјална политика, за здравство, за политички систем и односи меѓу заедниците, за транспорт, врски и екологија и Законодавно-правната комисија, денеска ќе одржат седници во Собранието на Република Македонија.
На седницата на Комисијата за труд и социјална политика на дневен ред е Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување по скратена постапка.
Комисијата за здравство ќе расправа по Предлог законите за изменување и дополнување на Законот за здравствено осигурување и Законот за здравствена заштита и двата по скратена постапка.
На дневен ред на седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за процена по скратена постапка
.Комисијата за транспорт, врски и екологија ќе расправа по Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за електронските комуникации по скратена постапка.
На Законодавно-правната комисија на дневен ред се предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за процена, Законот за здравствена заштита, Законот за здравственото осигурување, Законот за пензиското и инвалидското осигурување и Законот за електронските комуникации сите по скратена постапка.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа