„АРМ – мој вистински дом“ се реализира, припадниците на АРМ со интерес за проектот
Министерството за одбрана продолжува да го спроведува проектот „АРМ-мој вистински дом“. Како што информираат оттаму се очекува првите згради да бидат изградени идната година.
-Реализацијата на еден од основните проекти со кои се влијае на унапредувањето на стандардот на припадниците на Армијата на Република Македонија, проектот „АРМ – мој вистински дом“, тече во континуитет. Во рамки на Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија неодамна беше спроведена анкета согласно која околу 550 припадници на Армијата се заинтересирани да бидат дел од овој проект, велат од Министерството за Курир.
Во рамки на спроведувањето на овој проект минатиот месец министерот Зоран Јолевски и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески, оствариле средба со припадниците на АРМ пред кои бил презентиран проектот.
Од Министерството посочуваат дека реализацијата на проектот е поделена во неколку фази кои се одвиваат без застој.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа