Избега од ТВ Сител - сакал дебата само на Facebook

Активистот кој барем на социјалните мрежи се залага за заштита на човековите права денеска побегна од дебата на ТВ Сител. Петрит Сараќини, на социјалните мрежи познат како Амон Мра одби да се појави во дебатното студио на најгледаната македонска телевизија од причини кои ги наведе на социјалните мрежи

Откако објави на Facebook дека се повлекува од јавна дебата, голем број поддржувачии на опозицијата коментираа дека со тоа само се продолжува праксата на сите т.н. активисти кои без исклучок важат за блиски до опозицијата да бегат од јавни соочувања. Беше поставено прашањето дали има доволно аргументи за да контрира на ставите на другиот соговорник кога станува збор за темата говор на омраза во Македонија поттикната од послдната чудна кривична пријава на соросвите групации против новинарите Миленко Неделковски и Јанко Илковски.
Интересно е дека тој не е единствениот од тоа соросово крило кое денеска одбил да се појави на дебата на ТВ Сител. Од јавно соочување пред граѓаните побегна и Кочо Димитровски од ЛГБТ центарот како и т.н. активистка за правата за хомосексуалците Ирена Цветковиќ.
Од Сител денеска коментираа дека тоа не е ништо ново кога станува збор за т.н. соросови активисти и функционери на опозицијата. Неодамна, теелвизијата објави дека од дебата побегнал и градоначлникот на Центар Андреј Жерновски и лидерот на СДСМ Зоран Заев.
Интересно е што токму овие структури се најгласни во обвинувањата дека во Македонија нема плурализам во јавната мисла, а секогаш кога ќе бидат поканети да гостуваат во средини каде што не можат однапред да ги нарачат новинарските прашања одбиваат да се појават.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









