Доделени сертификати за локален економски развој

 

Доделени сертификатите за локален економски развој. Со поддршка на Министерството за локална самоуправа, денеска, на Економскиот факултет, на Универзитетот Св. Кирил и Методи, во Скопје, вработени во Секторите за локален економски развој од 13 општини се здобија со сертификати за менаџирање со локалниот економски развој. Државниот секретар во Министерството, Билјана Цветановска Гугоска им честита за успешно совладаното знаење и вештини, како начин за покреативно и сеопфатно планирање на локалниот економски развој. Цветановска Гугоска ја нагласи потребата од континуирано надградување на знаењата на локалната администрација за имплементирање на нови политики и за следење на современите трендови во различни области.

-Министерството за локална самоуправа, рече Цветановска Гугоска постојано ќе ги следи потребите на општините и ќе се обиде да одговори на нивните барања, особено во реализацијата на специјалистички курсеви кои што ќе ги подигнат квалитетот и ефикасноста на локалната администрација.

Министерството за локална самоуправа, во соработка со  Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП),  во рамки на проектот „Локална акција за инклузивен развој –организираше специјалистичкиот курс за локален економски развој (ЛЕР) спроведен од страна на Економскиот Факултет во Скопје.

На овој начин се одговори на потребата на првите тринаесет општини  за проширување на  специјалистичките знаења и вештини од областа на менаџирањето со локалниот економскиот развој на вработените во секторите за локален економски развој.

Со Програмата  беа опфатени неколку  тематски области, како, потеклото и економските основи на локалниот економски развој, стратегии за планирање на локалниот економски развој,        меѓуопштинската соработка како инструмент за афирмација на локалниот економски развој и регионалната политика и локалниот економски развој во Република Македонија.

На крајот секој од кандидатите подготви проектен концепт од областа на локалниот економски развој. Со чинот на одбраната, кандидатите кои го посетуваа курсот се стекнаа со сертификат за завршен специјалистички курс од областа на локалниот економски развој, издаден од Економскиот факултет во Скопје.

 

Во реализацијата на наставата беше вклучен искусен тим на предавачи предводен од проф. д-р Наталија Николовска.

 

 

Оцени ја веста

13.12.2014 - 15:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега