Иванов ги прими акредитивните писма на новиот црногорски амбасадор

 

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Црна Гора во Република Македонија Предраг Митровиќ, соопшти Кабинетот на претседателот Иванов.

На средбата македонскиот претседател изрази задоволство од искреното пријателство што ги карактеризира односите меѓу Република Македонија и Црна Гора, кои претставуваат позитивен пример во регионот, како и од континуираниот отворен дијалог и плодната соработка во сите области од заеднички интерес.

 - Членството во НАТО и ЕУ и регионалната соработка со цел стабилност и просперитет на нашиот регион, се сфери во кои бележиме плодна соработка, истакна претседателот Иванов во своето обраќање, и изрази очекување за натамошно интензивирање и унапредување на економската соработка меѓу двете земји.

Црногорскиот амбасадор Митровиќ истакна дека односите меѓу Црна Гора и Република Македонија се блиски, традиционално добри, без отворени прашања и додаде дека ќе се заложи за продолжување и зајакнување на политичките и економските релации.

- Нашите две земји имаат не само иста географска област, туки и исти надворешно политички цели кои се однесуваат на зајакнувањето на регионалната соработка и европските и евроатлантските интеграции, порача амбасадорот Митровиќ.

 

 

Оцени ја веста

12.12.2014 - 14:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега