Расте бројот на пријавени случаи на семејно насилство во Охрид

 

Во првите девет месеци од годинава на подрачјето на Секторот за внатрешни работи – Охрид регистрирани се вкупно 284 настани поврзани со семејното насилство, наспроти 313-те такви настани забележани во истиот период лани.

Според аналитичките податоци со кои располага СВР – Охрид по градови, бројот кривични дела од областа на семејното насилство во Охрид бележи нагорен тренд. Така во посочениот период само во Охрид се регистрирани 41 дело што претставува зголемување во однос на 35-те случаи на семејно насилство пријавени во истиот период лани. Во Струга и Кичево годинава и лани биле пријавени пет случаи на семејно насилство, додека во Дебар годинава се пријавени два случаи семејно насилство.

Во однос на сторителите на кривичните дела поврзани со семејно насилство, во Охрид во оваа година биле пријавени 36 мажи и пет жени, од кои 23 сопрузи, четири сопруги и една поранешна сопруга. Од поднесените кривични пријави 22 се поврзани со кривичното дело „телесна повреда“, а 16 за „загрозување на сигурноста“. Најголемиот број кривични дела од областа на семејното насилство се извршени под дејство на алкохол, а помал дел под дејство на дрога или подпсихичко растројство.

Токму вчера одржаната средба на претставниците на СВР - Охрид, на центрите за социјални работи од Охрид и Струга, основните јавни обвинителства од Охрид и Струга, на општина Охрид, како и претставниците на невладините организации од двата града имаше за цел конкретизирање мерки за спречување и намалување на семејното насилство, како и за заштита на жртвите од тој вид кривично дело.

 

 

Оцени ја веста

10.12.2014 - 17:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега