Општина Новаци ќе доделува пари за секоја свадба и новородено дете

 

Општина Новаци донесе одлука со која финансиски се стимулира склучувањето бракови, а финансиска помош ќе се доделува и за секое новородено дете, пренесува МИА.

Според одлуката на градоначалникот Лазар Котевски, младите брачни двојки почнаа да добиваат финансиска стимулација во износ од 30.000 денари, а за секое новородено дете паричната стимулација изнесува 5.000 денари.

- Со цел да го спречиме иселувањето од Новаци особено во Мариово, како и да ги стимулираме младите да стапат во брак, Советот на општина Новаци на мој предлог донесе одлука секоја млада брачна двојка што ќе реши да стапи во брак да се субвенционира со по 500 евра во денарска притивредност за покривање на свадбените трошоци. Воедно ние како општина на сите млади брачни парови за секое новороденче им даваме по 5.000 денари, истакна градоначалникот Котевски.

Според статистичките показатели на локалната самоуправа, општина Новаци во 2013 година се родиле 30 новороденчиња за што биле исплатени 145.000 денари финансиска помош, а 24 во 2012 година, што значи општинската финансиска стимулација се потврдила како правилна, информираа од секторот за односи со јавност на општина Новаци.

 

 

Оцени ја веста

10.12.2014 - 15:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега