Т-Мобиле се огласи за денешните технички проблеми во мрежата

 

Т-Мобиле Македонија ја информира јавноста дека на ден 10.12.2014 година поради технички проблем дојде до краток прекин на сите услуги во мобилната мрежа во периодот од 12:35 до 12:50 часот. Прекинот на услугите го почувствуваа корисниците на цела територија на град Скопје и поголем дел од територијата на Република Македонија.

 

Говорните услуги се во целоснa функција, додека мобилниот интернет сеуште работи со одредени потешкотии на територијата на Република Македонија и нашите стручни тимови работат на негово нормализирање во најскоро време. Т-Мобиле Македонија се извинува за настанатите пречки и како и секогаш максимално брзо и ефикасно ќе реагира во сите ситуации за непречено користење на услугите кон граѓаните.

(Интегрален текст од соопштение на Т-Мобиле Македонија)

 

 

Оцени ја веста

10.12.2014 - 14:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега