Македонски супербрендови за 2013/2014
Организацијата „Супербрендс“ денеска ќе ги претстави македонските супербрендови, пазарни марки кои ја добија меѓународната титула „Супербрендс за 2013/2014“.
Со доделување дипломи ќе се заокружи третиот избор на македонски супербрендови, што почна со селекција на стручно жири на почетокот на минатата година.
Повеќе од 1.000 домашни и меѓународни брендови, распоредени во 27 категории, беа на списокот на финалисти изготвен во соработка со водечките маркетиншки и агенции за испитување на пазарот. За најдобрите се гласаше врз основа на квалитет, сигурност, препознатливост и емотивна приврзаност. Во процесот на одбирање, покрај стручното жири, учествуваа и над 8.000 потрошувачи.
На свеченоста ќе биде претставено и новото издание на супербрендс публикацијата, која првпат ќе ги претстави најдобрите брендови од Адриатик регионот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа