Први Nestle безглутенски житарки за доручек на македонскиот пазар
– Компанијата Nestlé лансираше безглутенски житарки за појадок Corn Flakes и Gold Flakes на македонскиот пазар. Станува збор за први безглутенски житарки на домашниот пазар кои имаат сертификат од Европското здружение за целијакија (AOECS) кои на самото пакување имаат препознатлив знак прецртан клас пченица.
Целијачната болест од која според проценките на надлежните здравствени институции болуваат околу 5.000 луѓе во Македонија, се карактеризира со нетолеранција на глутен-белковини во организамот кој ги има во пченицата, р’жот и јачменот. Коа ќе се земе во предвид и бројот на луѓе кои немаат проблем со целијакија, туку некој друг проблем поврзан со нетолеранцијата на глутен бројката е значително поголема.
,,Nestlé житарките за појадок Corn Flakes и Gold Flakes без глутен се потребни на се поголем број луѓе заболени од целијакија, односно оние кој страдаат од трајно пореметување на нетолеранција на глутен. За да се осигураме да имаат повеќе избор, го проширивме асортиманот на житарки за појадок.
Новите производи се резултат на иновација во наштата технологија за производство, која ги подржува посебните услови за производство на безглутенски производи, за кои е неопходно да се исполнат сложени услови, со што би се спречила вкрстената контаминација на производите. Производството на Nestlé Corn Flakes и Gold Flakes во целост ги задоволува строгите критериуми на производство.
Corn Flakes и Gold Flakes без глутен коа станува збор за вкусот се еднакви на другите производи, а притоа се збогатени и со витамини”, изјави Александра Малешевиќ, нутриционист на компанијата Nestlé Adriatic.
Луѓето кои имаат целијакија секојдневно се сретнуваат со предизвици да го организираат доволното внесување на витамини и минерали, како што се железо, калциум, магнезиум и витамините Д и Б. Тоа е посебно изразено кај луѓето без поставени дијагнози или оние кои не се лечат правилно, и доаѓа до проблеми на апсорбирање на потребните хранливи материи во организмот, доведувајќи ги организмите до неухранетост. Затоа луѓето кои се придржуваат на строгите безглутенски диети треба се трудат да конзумираат што поголеми количини на храна богата со витамини и минерали, за да им се олесни борбата против оваа болест.
Овошни мусли со зрнесто овошје без глутен
Времe за припрема: 15 мин.
Од почеток до крај: 35 мин.
6 Порции (125 г секоја)
Состојки:
250г Nestlé CORN FLAKES/GOLD FLAKES без глутен
375г обичен безглутенски овес
125г сецкани ореви
30мл (2 лажички) мед
15г (1 лажичка) стопен путер
175мл јогурт со мед или јогурт со ванила
Свежи бобинки
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180°C. Во тава за печење со димензии 39x27x2.5 cm нанесете ги оревите, Nestlé CORN FLAKES/GOLD FLAKES без глутен и овес. Во мал сад се мешаат медот и путерот, а потоа помешајте ги со оревите и житарките.
Печете од 15 до 18 минути, мешајќи ја смесата повремено, додека не стане златно- смеѓа.
Житарките полијте ги со прелив од јогурт и бобинки.
Доколку готвите без глутен претпазливо прочитајте дали секоја од состојките не содржи глутен.
1 порција: 250 калории (90калории масти); 10г масти (заситени масти 2,5g, незаситени масти 0g); холестерол 5мг; натриум 150мг; калиум 210мг; вкупно јаглехидрати 33г (влакна 3г); протеин 6г
% дневна потреба: витамин А 0%; витамин Ц 8%; Калциум 8%; железо 6%
Житни плочки со цимет и пченка без глутен
Време за подготовка: 10 мин.
Од почеток до крај: 40 мин.
14 порции(60 мл по порција)
Состојки:
1 кг Nestlé CORN FLAKES/GOLD FLAKES без глутен
250г цели бадеми
50г путер или маргарин
50г кафеав шеќер
45 мл (3 лажички) чист јаворов сируп
10г (2 лажички) цимет
5г (1 лажичка) ѓумбир
250г мешани суви бобинки
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 150 ° С. Во голем сад, истурете ги бадемите и житарките. Во тенџере од 1л загрејте путер, кафеав шеќер и јаворов сируп на ниска температура, мешајќи повремено се додека путерот не се стопи.
Додајте цимет и ѓумбир и помешајте. Поливајте преку житарките и бадемите и мешајте. Распоредете ја смесата во тава за печење со димензии 39x27x2.5cm.
Печете 15 минути и промештајте еднаш. Додадете го сувото овошје. Оставете ја смесата нека се олади. Зготвеното чувајте го во херметички затворен сад
Доколку готвите без глутен претпазливо прочитајте дали секоја од состојките не содржи глутен.
1 порција: калории 220 (80 калории од масти); масти 9г (заситени масти 2,5г, незаситени масти 0г); холестерол 10мг; натриум 220 мг; калиум 135 мг; вкупно јаглехидрати 30г (влакна 3г); протеини 3г% дневна потреба: витамин А 2%; витамин Ц 10%; калциум 6%; железо 4%
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа