Одбележување на светскиот ден за борба со корупција
Антикорупциски политики на одбележување на Светскиот ден за борба со корупцијата, денеска ќе потпишат сите градоначалници на општини во Македонија. Ваквиот настан е под покровителство на Државната комисија за спречување на корупција и Програмата за развој на ОН (УНДП) во соработка со Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС)
Планирано е да има воведна сесија на која ќе бидат нагласени социјалните и политичките аргументи за важноста од спречувањето и борбата со корупцијата преку подобрување на административниот интегритет, ефикасноста, транспарентноста и отвореноста кон граѓаните.
На сесијата „Спречување на корупцијата преку интегритет“ ќе се разговара за улогата на граѓанското општество и младите во мониторинг на општинските заложби за транспарентност, отчетност и отвореност и за потенцијалите на социјалната иновација и поддршката на општините во имплментирањето на апликацијата „Отворена општина“, претставување на е-услугите како пример за искористување на ИТ-алатки за пречување корупција.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа