Венизелос бесен - го напушти НАТО состанокот поради Македонија
Потпретседателот на Владата во Грција и министер за надворешни работи Евангелос Венизелос го напушти НАТО самитот на кој учествуваа претставници од 60 земји. Како што пишува greekreporter.com ваквата реакција на Венизелос следела откако САД го прифатиле името Македонија наместо времената референца ФИРОМ.
По Самитот во официјалната изјава за медиумите Венизелос се пожали на односот на САД. Појасни дека го напуштил Самитот во знак на протест, затоа што името на северниот сосед на Грција, ФИРОМ, се уште не е прифатено и затоа што двете земји се уште преговараат за него. Понатаму, според одлуката на Советот за безбедност на ОН името на Македонија се уште не е дефинирано се додека двете земји не се договорат.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа