Експертите хералдичари го исцртаа предлогот за државен грб
Предлогот за изгледот на новиот државен грб е на Здружението на хералдичари. Истиот е направен како резултат на експерти за грбови кои доста истражувале за оваа тема. Република дојде до верзијата која ја нацртал уметник, а врз нејзина основа се направи викторизација (компјутерската варијанта).
Новиот државен грб на Македонија ќе биде црвен лав во златно – жолт штит со круна во горниот дел, како и мурална круна во облик на тврдина. Златно – жолтата круна која е украсена со бисери и рубини треба да го симболизира републиканското уредување на државата. Дизајнот на црвениот лав е базиран на историските грбови, илустрациите на Верланд од 1481 и грбовникот на Бароад од 1581 кој преку стемографиите на Витезовиќ во 1694 и Жерафовиќ во 1741 станал и земски грб на Македонија.
Владата денеска го усвои нацрт- законот за нов државен грб. За да се промени симболот потребна е измена на Уставот, односно двотретинско и бадентерово мнозинство. Од Владата додаваат дека со новиот државен грб ќе се постигне поголема обединетост на граѓаните заради елементите кои се содржани во него.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа