ФОТО: Се менува државниот грб на Македонија - еве како ќе изгледа

Владата во моментов расправа за промена на државниот грб. За да се усвои предлогот - црвен разгневен лав во златно – жолт штит со круна во горниот дел, потребно е да се измени Уставот, односно двотретинско и бадентерово мнозинство, кое веќе е договорено меѓу коалиционите партнери.
Причините, кои се образложени во предлогот, се враќање кон историските симболи. Македонија и Белорусија биле единствените земји во Европа кои се уште користат амблеми инспирирани од советска хералдика.
„Сегашниот грб на Република Македонија е во целост дизајниран според грбот на Советскиот Сојуз, според кој беа дизајнирани и грбовите на сите Советски Републики... Задолжителните елементи на сонце, ѕвезда петокрака, житни класје поврзани со лента со народни мотиви, го симболизираа ‘посветлото опшество на комунизмот’ до кое се доаѓа преку трудот на работничката класа и земјоделците“ стои во предлогот.
Новиот дизајн на црвениот лав е базиран на историските грбови, илустрациите на Верланд од 1481 и грбовникот на Бароад од 1581 кој преку стемографиите на Витезовиќ во 1694 и Жерафовиќ во 1741 станал и земски грб на Македонија.
Златно - жолтата круна која е украсена со бисери и рубини треба да го симболизира републиканското уредување на државата.
„Со тоа се цели да се истакне и прикаже суверенитетот и интегритетот на државата... Со донесување на овој грб, Македонија ќе се вброи во семејството на европските земји, како земја со европски стремежи, кои се грижат за своето минато, но и за својата иднина, промовирајќи заедништво и врзувајќи се за симбол кој не носи никаква поделба по ниту еден основ во себе, туку напротив создава единство на сите што живеат на овие простори“ стои во предлогот.
Ова би била втора, овој пат подрастична промена на државниот грб. Првата во 2009-та само ја отстрани црвената петокрака, но во најголем дел го задржа изгледот утврден уште во времето на Југославија.
Оцени ја веста
05.12.2014 - 18:08
Фото:
Алфа ТВ
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа