Вељаноски: Шилегов ги знае околностите под кои што беше одложено констатирањето на оставките

Господинот Шилегов ги знае сите околности под кои што беше одложено констатирањето на оставките на пратениците од СДСМ и нивните коалициони партнери. Ова денеска го изјави собранискиот спикер, Трајко Вељановски.
-Денешната негова изјава ја разбирам единствено како потреба да го покрие срамот за штетната политика на неговата партија. Без намера да дозволам како претседател на Собранието на Република Македонија да бидам вовлечен во дневни препукувања, би сакал да потсетам на неколку факти познати и на медиумите и на целата јавност. Прво, прес конференцијата на самиот Петре Шилегов веднаш по одлагањето на седницата за констатирање на оставките и второ, средбата на г. Груевски и г. Заев неколку дена подоцна, доволно зборува за тоа кој ја говори вистината, вели Вељановски.
Претседателот на Собранието апелира СДСМ да се вразумат и да престанат да нанесуваат штета на државните интереси.
-Собранието е дом на сите граѓани, а мојата улога е да овозможам политички дијалог во него, вели тој.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









