Намален бројот на корисници на социјална помош во Неготино
Се намалува бројот на корисници на социјална помош во Неготино, како резултат на зголемениот број вработувања во Неготинско, информираше денеска Роза Јаневска, директор на Центарот за социјални работи во Неготино.
- Ако во октомври 2012 година имавме евидентирано 403 корисници на социјална помош, во октомври 2014 година регистриравме 269, соопшти Јаневска.
Таа нагласи дека и понатаму редовно водат грижа за сите социјални категории на граѓани од неготинско и демиркаписко.
Оцени ја веста
05.12.2014 - 14:52
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа