Недемократските постапки на наводните борци за демократија
Повторно излегува на виделина лицето на партијата која само декларативно се залага за демократија, бидејќи во пракса најголемата македонска опозициска партија е нешто сосема спротивно. Обид за физички пресметки, нападнат дом на сопартијка, бркање од работа од хигиеничар до министер, илјадници политички неподобни оставени на улица се само дел од постапките на лажните борци за демократија.
СДСМ подолжува да го покажува вистинското лице. Нивото на демократија кај социјалдемократите постојано излегува на површина, оние кои постојано говорат за неа, всушност го практикуваат спротивното. Пред два дена заканувачки пораки со навредлива содржина осамнаа на влезната врата на домот на пратеничката на СДСМ, Љубица Буралиева.
Многу веројатно е зад ваквиот напад да стојат активисти на СДСМ. Според информациите од нејзините соседи во скопско Ѓорче Петров, на нејзината влезна врата некоја напишал „Ку*во продадена“ и ставил знак за долар. Буралиева која е една од трите пратенички на опозицијата кои се решија да не го почитуваат повикот на Заев за бојкот и се вратија во Собранието, вели дека и претходно добивала закани, пишува Курир.
Покрај Буралиева, “демократијата“ на СДСМ претходно ја почувствуваа и пратеничките Солза Грчева и Роза Топузова-Каревска, кои беа распнати поради нивната одлука да ги прифатат пратеничките мандати.
Илјадници неподобни се бркаа од работа- тоа е демократијата на СДСМ
Во периодот од 2002 до 2004 година, кога Радмила Шекеринска беше во владиниот состав, лажните борци за демократија оставија на улица неколку илјадници граѓани, со образложение дека се политички неподобни.
Во 2003-та година, во време кога Бранко Црвенковски е премиер на Владата, а Радмила Шекеринска потпретседател на таа влада, од државното ЕСМ беа брутално избркани од работа 1 100 вработени и тоа во време кога мајката на Шекеринска е директор на Секторот за развој и инвестиции во ЕСМ, а нејзиниот татко за помошник-директор во Секторот за пренос во истото претпријатие.
За само еден ден 1 100 граѓани беа избркани на улица само затоа што беа партиски неподобни за тогаш владејачката СДСМ. На местото на овие 1 100 граѓани, во државното ЕСМ беа вработени пријатели, роднини, братучетди, деца на функционери на Социјалдемократскиот сојуз, обвинуваа тогаш од ВМРО-ДПМНЕ.
Иако Црвенковски и Шекеринска пред изборите 2002 година ветуваа дека нема да се занимаваат со политички реваншизам, илјадници граѓани беа отпуштени како политички неподобни, или што би рекол сегашниот лидер на СДСМ, Зоран Заев, беа живи изедени.
Ќе бркаме од чистачка до министер
Уште еден пример од минатото на дело ја покажува недемократија во опозициските редови. Кон крајот на 2010 година, Зоран Заев на трибина во Валандово беше снимен во партиско-канибалистички напад. Повторно најави партиски вработувања кога ќе дојдат на власт и тоа до ниво на братучеди на членовите на СДСМ. Ќе имало масовни отпуштања во државна администрација, а ќе јаделе живи луѓе кога ќе дојдат на власт.
„Почитувани социјалдемократи, ако ве прашаат што со пренатрупаната државна администрација од ВМРО-ДПМНЕ, да им кажете дека Заев беше во Валандово и рече дека ќе ги бркаме од работа. Тие тоа треба да го знаат. Свесни сме дека ако сакаме да бидеме на власт, треба да влеземе тимски, од хигиеничар до министер во секој ресор во државата и така имаме намера да ја водиме Македонија."
Вака тогашниот потпретседателот на СДСМ, а сегашен лидер, се обрати на собир со сопартијците во Валандово и најави каква ќе биде политиката за вработувања на социјалдемократите доколку некогаш се вратат на власт. Заев тврдеше дека партијата ќе вработува свои луѓе за сметка на оние вработени додека на власт била ВМРО-ДПМНЕ.
- Велат вие сте меки луѓе. Вие заборавате и кога ќе дојдете на власт, ќе бидете истите. Живи луѓе има да јадеме после тоа! Новиот концепт којшто се повеќе ќе го слушате и којшто ќе значи целосно намалување и кастрење на администрацијата од една страна, ќе значи отварање на наши работни места за нашите луѓе. Ако сме успеале сето ова време сите наши активисти да ги згрижиме со минимум по еден член од нивното семејство, сега преминавме во фаза да ги згрижиме нивните братучеди, рече Заев.
Лицемерието на дело- СДСМ линчува новинари
Еден од поновите примери каде СДСМ го покажува лицемерието на дело е линчот кон новинарката на 24 Вести, Душица Мрѓа. Високи партиски функционери на СДСМ ја нападнаа Мрѓа, после интервјуто кое го направи со генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски.
Јавниот линч кон новинарката од 24 Вести започна по објавата на интервјуто од страна на Лидија Димова, претседател на Советот за ЕУ интеграции на СДСМ, која иронично ја нарече Новиот стратег на СДСМ – Душица Мрѓа и ја стави под прашање професионалноста на интервјуто.
Овој случај е еден од најеклатантните примери на јавен линч кој СДСМ го спроведува врз новинарите, иако во јавноста вели дека се залага за слобода на медиумите. И досега високи партиски функционери на СДСМ, па дури и самата партија, се дрзнувала да етикетира некои медиуми во Македонија како провладини и да се заканува со тужби.
Овие неколку примери јасно покажуваат кое е вистинското лице на лажните борци за демократија. Експертите коементираат дека токму оние кои зборуваат за демократија и за потребата во РМ да се создаде поголем простор за слободно изразување на различните ставови и мислења на граѓаните, всушност самите го практикуваат токму спротивното.
Тие потенцираат дека концептот на самобендисано "удирање во демократските гради", со лицемерна злоупотреба на терминот борба за подобро утре на сите не може, а да не потсети на едно минато време полно со демагогија и лажни вредности.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа