Доделени првите сертификати за авто-такси возачи во Велес

 

Градоначалникот на Велес Славчо Чадиев, денес во просториите на општината ги додели првите 38 сертификати за авто-такси возачи кои го положија предвидениот испит во првиот круг, согласно Законот за превоз во патниот сообраќај.

Заедно со денешните, досега се издадени вкупно 77 уверенија на положени кандидати. Инаку во текот на вчерашниот ден се одржа и четвриот круг од полагањата за добивање на Уверение за положен испит и Сертификат за авто-такси возач, при што сите 81 кандидати кои беа пријавени, го поминаа предвиденото тестирање.

Испитот се состои од теоретски дел кој се полага писмено во форма на тест и содржи прашања од две тематски области- безбедност на сообраќајот и патиштата и превоз на патниците. Со добивањето на овој сертификат, во иднина значително ќе се подобри услугата во вршењето на такси превозот.

 

 

Оцени ја веста

04.12.2014 - 14:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега