„Нашите семиња, наша иднина“

 

Во организација на Слоу фуд млади Македонија денеска ќе се одржи конференција на тема „Нашите семиња, наша иднина“. Целта е промовирање  и  заштита  на  македонските автохтони семиња.

- Ова е прв настан од неколкуте планирани на оваа  тема  на  кој  заеднички  ќе дебатираат производителите, експертите, граѓанските организации и претставници на институциите, за актуелните прашања и можностите за примена на домашните семиња од страна на малите фармери, како и за политиките кои го засегаат овој сектор, велат организаторите.

Според нив, Македонија е вистинска ризница на автохтон генетски растителен фонд.

- Автохтоните семиња се наше гастрономско богатство, нераскинлив дел од нашиот идентитет. Губејќи ги нив, губиме дел од нашите белези како народ кој живее на овој простор. Зачувувањето на автохтоните семиња и нивното засејување на македонските полиња нека бидат наш одговор, отпор кон индустриски произведените хибриди и генетски модофицираните семиња кои се реална опасност за губење на нашата автентична храна, на нашата слобода и право на добра, чиста и правична храна, велат од Слоу фуд.

Настанот се реализира во рамки на кампањата на Слоу фуд млади Македонија „Не за ГМО!“ и проектот ЕССЕДРА, финансиран од ЕУ.

 

 

Оцени ја веста

04.12.2014 - 09:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега