„Прљаво казалиште“ на Вевчанскиот карневал

 

Познатата група „Прљаво казалиште“ ќе ги донесе безвременските хитови на претстојното издание на Вевчанскиот карневал 2015, потврди градоначалникот на Вевчани Цветомир Угриноски, пренесува МИА.

prljavo-kazaliste500

Освен оваа група, според Угриноски, деновиве биле потпишани и договори за настап на македонските групи „Супер Хикс“ и „Љубојна“, како и за концерт на фолк пејачката Елена Велевска.

- На 12 јануари ќе настапат „Супер Хикс“ и „Прљаво казалиште“, а следниот ден публиката ќе ги проследи концертите на „Љубојна“ и Елена Велевска. Се разбира дека на карневалските денови кои ќе траат неколку дена ќе настапат и познати ди-џеи. Предвидени се и трибини, како и настап на КУД „Дримкол“ во чии рамки постои и патувачкиот театар. Старата нова година ќе ја дочекаме и со богат огномет, најави Угриноски.

Како што потврди вевчанскиот градоначалник, карневалското издание ќе почне на 9 јануари, а веќе во полн ек се и подготовките на целокупната програма.

Карневалот во Вевчани е една од најпознатите карневалски манифестации на Балканот која се негува повеќе од 1.400 години. Се одржува за време на василичарските празнувања под покровителство на Министерството за култура на Република Македонија, а генерален спонзор е Т-Мобиле.

 

 

Оцени ја веста

03.12.2014 - 22:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега