„Ова да не е Косово?“: Адеми ја албанизираше Facebook страната на Министерството за образование
Дека министерот е Албанец на сите им е јасно, но дека фан страната на социјалните мрежи на Министерството за образование и наука функционира исклучиво на албански јазик, тоа никој не го разбира. Адеми,очигледно не е министер на учениците и студентите кои не се Албанци. По она што може да се види на фан страната на неговото министерство, тој сака да комуницира само со своите потенцијални гласачи и оние кои тоа можат да станат, односно, социјалната платформ за него е само простор за ширење пропаганда.
Ако сте Македонец, тогаш вие не го интересирате и тој нема потреба да Ви се обрати. За потсетување, во оваа држава македонскиот јазик се уште е официјален јазик, а Адеми нема законско право вака да се однесува. За морал... воопшто нема да пишуваме.
За крај, еден добар коментар на еден корисник на фан страната кој не може да најде информација за она што го интересира.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа