Елка од 18 метри ќе го краси Скопје

 

Град Скопје и годинава, традиционално, го реализира Прoект за украсување и декорирање по повод новогодишните и божиќните празници, чија што главна цел е да понуди свечени и естетски решенија за плоштадот и централното градско подрачје.

Декорирањето и украсувањето, кое е во тек, ќе ги опфати плоштадот „Македонија“ до плоштадот „Пела“, како и на плоштадот „Филип Втори“, пред црквата „Св. Димитрија“.

Покрај плоштадот, во поширокиот реон на централното градско јадро, соопштија од Град Скопје, ќе бидат украсени и булевар „Илинден“ до раскрсницата со ул. „Френклин Рузвелт“; просторот пред Владата; улицата „Даме Груев“; булевар „Партизански одреди“ до раскрсницата со булевар „8 Септември“ и платото пред Универзална сала; улица „Димитрие Чуповски“; улица „11 Октомври“; улица „ВМРО“; улица „Филип Втори Македонски“, на потегот од раскрсницата кај Специјалнатa болница за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ до раскрсницата кај Т.Ц. „Мавровка“; просторот пред Судската палата и булевар „Гоце Делчев“ од Т.Ц. „Мавровка“ до Владата; Старата чаршија пред националната галерија „Чифте амам“; украсување на паркот „Жена борец“; украсување на просторот пред црквата „Св. Богородица“; украсување на улица „Македонија“; и Булевар „Климент Охридски“ од Влада на РМ до зградата на „Нова Македонија“.

Традиционално ќе биде поставена централна новогодишна елка , висока 18 метри, со светлосни и други украсни елементи.

Декорирањето треба да заврши на 15 декември додека раскрасувањето ќе биде од 15.до 18 јануари 2015 година.

 

Новогодишните декорации ќе ги постави група на изведувачи фирмите “Линк Медиа” од Скопје и “Лутарико Дооел-Скопје”, за што Градот Скопје ќе издвои 10.400.000 денари.

 

 

Оцени ја веста

03.12.2014 - 19:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега