A1 ТВ од денеска во македонскиот етер

 

Телеканал А1 е името на новата регионална телевизија која од денеска почна со работа. Струмица Денес екслузивно ги доби фотографиите од студиото во Струмица.  Студиото е стационирано во Струмица, а ќе зрачи и во Радовиш, Конче, Валандово, Василево, Ново Село, Босилово, Дојран, Гевгелија, Богданци. Телевизијата е сместена во простор од 180 метри квадратни и располага со најсовремена технологија, а во етер ќе зрачи во HD резолуција.

telekanala1 (4)

Новинарскиот тим е составен од млад и креативен кадар. Телевизијата располага и со комплетен тим на професионални графичари, тонци, монтажери, режисери и сниматели.  Уредник на информативната програма е долгогодишната новинарка Катерина Дафчева, чии професионални искуства започнуваат во Телевизија Прилеп, па продолжуваат во националната МТВ каде моментално е дописник од регионот. Претходните неколку години работела како новинар во регионалната ВИС Телевизија. Телеканал А1 ќе има и дописнички студија од Радовиш, Гевгелија и Валандово. 

telekanala1 (1)   
Каналот ќе понуди богата информативна и забавна програма за сите возрасти, која се разликува од сите останати во регионот. Информациите од областа на бизнисот, спортот, културата и забавата ќе бидат од регионален карактер. Вестите и репортажите секогаш ќе тежат да дојдат до вистината. 

Гледачите програманата може да ја гледат преку Боом ТВ и Т-Хоме операторите, а во следните неколку дена ќе може да ја гледат и корисниците на другите оператори

Со Телеканал А1 се зголемува конкуренцијата на Кобра, Еми, Нова, Вис и Интел, телевизии во Југоистоисточниот регион.

 

 

Оцени ја веста

03.12.2014 - 18:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега