Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со осуда за нападот врз домот на Буралиева
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува инцидентот во кој домот на пратеничката Љубица Буралиева беше цел на закани и притисоци во вид на пораки со недолична и навредлива содржина.
-Пратениците од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ не поддржуваат и не се согласуваат со било каков чин на насилство или насилничко однесување врз колегите пратеници без разлика на нивната политичка определба. Како пратеници во Собранието на Република Македонија сметаме дека ова однесување е незрело и срамно, бидејќи токму пратениците се претставници на граѓаните во Собранието на Република Македонија, се вели во соопштението од Пратеничката група.
Во таа насока, Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ апелира до надлежните институции во најкраток можен рок да се пронајдат виновниците за овој немил настан, со цел да се утврди позадината на овој инцидент, но и со цел спречување на вакви исти или слични немили настани да се случуваат и во иднина.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа