Груевски: Протестите на студентите се партиски мотивирани од СДСМ и СОРОС

 

Ако првиот пат студентите не беа информирани за концептот пред да протестираат, сега се е доволно јасно. Ова го посочи премиерот Никола Груевски како коментар на најавите за нови протести од студентите.

-Сега се знае дека станува збор за државен испит, а не за екстерно тестирање и за тоа дека овие два концепти се сосема различни. Исто така, се знае дека државниот испит не ги опфаќа сегашните студенти, туку идните. Сега, се повеќе е јасно дека оваа помала група која ќе излезе на следниот протест, се партиски мотивирани. Најголем дел од нив се од подмладокот на СДСМ и од невладините организации финансирани од Владимир Милчин и СОРОС, истакна Груевски.

Уште еднаш посочи дека концептот на државниот испит има за цел да не може да се добиваат високи оцени без да се научи на сметка на оние кои навистина се трудат.

 

 

Оцени ја веста

03.12.2014 - 13:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега