Македонија најмалку корумпирана во регионот

 

Според најновото истражување на Транспаренси Интернешнл за 2014 година, Република Македонија е една од највисоко рангираните земји која се справува со корупцијата во регионот. 

Според овогодинешното истражување Република Македонија се наоѓа на 64 место, веднаш зад Хрватска и Словенија, додека пак позади нас се Турција 64, Бугарија 69, Романија 69, Грција 69, Црна Гора 76, Србија 78, Босна и Херцеговина 80, Албанија 110 и Косово 110.

Во однос на претходните години од 2012 навака, Македонија бележи континуиран напредок од 5 места, искачувајќи се до позицијата најмалку корумпирана земја во регионот.

Од земјите во регионот во однос на претходната година назадување за неколку места бележат Хрватска, Турција, Црна Гора, Србија, и Босна и Херцеговина, додека пак напредок бележат Словенија, Македонија, Бугарија, Грција, Албанија и Косово. Романија две години по ред останува на 69 место.

 

 

Оцени ја веста

03.12.2014 - 11:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега