Ламбе се огласи по сообраќајката: Ме чуваше Бог
Ламбе е познат по тоа што не сака многу да зборува, а и поради овој немил настан сите телефони му се исклучени. Но порталот Вистина успеал да стапи во контакт со него.
-Изутрина одев да посетам еден дом со деца, хуманитарно. По пат имаше лизгав коловоз, возев според дозволеното, но се излизгав од патот на страна… ништо страшно, во ред сум, без гребнатинка. Не сакам да ги натажувам пријателите и блиските, Бог ме чува, изјави Ламбе екслузивно за Вистина.мк.
Веста за тешката сообраќајка на пејачот Ламбе Алабакоски со брзината на светлината се прошири низ медиумите, но и социјалните мрежи.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа